Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Еден триумф и пораз за избраниците на Арсовски, генер.2006 во детската лига
Еден триумф и пораз за избраниците на Арсовски, генер.2006 во детската лига

Еден триумф и пораз за избраниците на Арсовски, генер.2006 во детската лига

На терени на  Фудбалската федерација на Македонија во текот на денешниот  ден се одигра новото четврто коло кај генерацијата родени 2006  година и помали во детската лига. Денес на програмата беа два меча за оваа генерација против екипата на Кул Здравје(2)  и тимот на ФК  Спорт Ефе.  Во  ови двата дуели избраниците на Филип Арсовски дојдоа до половичен успех: една победа и еден пораз.

Прв на програмата од двата дуели беше градското дерби во Детската лига во кое се сретнаа ФК Вардар генер. 2006 (1) и ФК Работнички (2).  Во еден меч во кој целосно доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра го решивме дуелот уште на полувреме кога на одмор се отиде со резулат 3-0.  Во вториот дел игравме како и во првиот доминантно во одбраната и разноврсно во нападот постигнувајќи уште четири гол за на крај да го добиеме  мечот со “Романтичарите“ со резултат од 7-0. Стрелци за црвено-црните беа: трикратен стрелец денес беше Давид Голубов, два гола постигна Максим Цониќ, а пак по еднаш мрежата на Работнички ја затресоа Стефан Коловски и Драган Јанкоски.  

2006o

Во вториот меч се сретнавме со ФК Спорт Ефе против  него настапи ФК Вардар (2). Овој меч го загубивме тесно со минимална негатива од еден гол за нашите противници. Тие беа поуспешни од нас со резулат 3-4, овој дуел тие го добија уште на полувреме кога поведоа 1-4. Вардаровите момци во вториот дел смогнаа сили заиграа поквалитетно ја зајакнаа одбраната и напаѓаа за да изедначат. Сепак успеаа да го ублажат поразот на 3-4 пропуштајќи шанса да се вратат од негатива со позитивен резултат. За нашите момци стрелци на трите гола беа: Мирза Хамзиќ кој успешно стрелаше на овој меч двапати во мрежата на Спорт Ефе и еднаш погоди Филип Цветановски.