Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Елвир Рамиќ: За двомечот во купот очекуваме само победа, и да стигнеме до финалето
Елвир Рамиќ: За двомечот во купот очекуваме само победа, и да стигнеме до финалето

Елвир Рамиќ: За двомечот во купот очекуваме само победа, и да стигнеме до финалето

 

Помладите пионери на Фк Вардар во среда го стартуваат пролетниот дел од сезоната, во рамките на полуфиналето од националниот куп против екипата на Македонија Ѓ.П. Веќе во викендов кој предстои започнува и првото пролетно коло во првенството. Екипата ќе гостува во Битола, на екипата на Пелистер.

Нивниот капитен Елвир Рамиќ ни ги пренесува очекувањата во купот и првенството.

-Значи лошо ја почнавме сезоната со два порази затоа што неколкумина стартни играчи не ни беа регистрирани. Но кога ги регистрира клубот почнавме да победуваме. За двомечот во купот очекуваме само победа и да стигнеме до финалето, доволно сме искусни и квалитетни.

Во есенскиот дел од сезоната имаат забележано седум победи, два нерешени дуели и два порази.

-Исто така во лигата прво пласираниот ни бега еден бод и очекуваме втората утакмица да ги победиме, и да го завземеме првото место во лигата, изјави Елвир Рамиќ за Вардарфанс.

Ова ќе биде прв натпревар и  за новиот кормилар на помладите Пионери, Сашо Тодоровски.

Звонко Ивановски