Нашите девојки во 1/4 финалето од Лигата на Шампионките ќе играат тежок дуел против Европскиот првак екипата на Ѓер во обидот да дојдат до посакуваната цел Ф4 – Турнирот во ЛШ .
Првиот натпревар и дефинитивно ќе се одигра на 4 април (сабота) во Спортскиот Центар Јане Сандански во 19 часот, додека пак реваншот ќе биде одигран од 10 до 12 април. (прецизно утврдениот термин сеуште не е познат)
Исклучително тежок двомеч ги очекува избраничките на Индира Кастратовиќ, во борба за пласман на завршниот турнир во Будимпешта.