Рускиот репрезентативец во дресот на Пик Сегед и довчерашен играч на РК Вардар, Сергеј Горбок најверојатно ќе го пропушти неделниот натпревар од лигата на шампиони, помеѓу екипите на Вардар и Пик Сегед. Горбок на последниот меч за својата екипа доби сршеница на носот, по што врз него беше направена хируршка интервенција. Пик Сегед го загуби дуелот од Киелце, но најверојатно го загуби и Горбок за следниот меч против нашиот ракометен шампион.
Новите прегледи сепак ќе потврдат дали Горбок ќе го гледаме во недела во С.Ц. Јане Сандански против негоиот поранешен тим. Овој дуел е закажан да се одигра од 17:30 часот.