Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар трет најголем фаворит за освојување на лигата на шампиони
ЖРК Вардар трет најголем фаворит за освојување на лигата на шампиони

ЖРК Вардар трет најголем фаворит за освојување на лигата на шампиони

Утре стартува нова сезона во лигата на шампионите за екипата на ЖРК Вардар. Тие отвараат на домашен терен против екипата на ФТЦ Будимпешта. Пред самиот старт на натпреварите, ЕХФ ги објави првите десет фаворити кои оваа сезона имаат најголеми шанси да ја освојат лигата на шампиони. На таа листа, Вардарки се наоѓаат на треттото место, на она кое беа во изминативе три години. Изненадувачки Ростов Дон е најголем фаворит за освојување на европската титула, втор е екипата на Ѓер, додека Будуќност е дури на петотото место. Актуениот европски шампион, екипата на ЦСМ Букурешт е четврти фаворит за првото место.

Во анализата за Вардар се вели: Ова може да биде сезоната кога конечно може да се направи чекор понапред, а Индира Кастратовиќ покрај како играч, сега и како тренер да ја освои лигата на шампиони. Откако клубот донесе на тренерското столче имиња како Питлик, Расмунсен и Камара и се обиде со различни сфаќања на ракометната игра да стигне до врвот, повторно ќе проба со Кастратовиќ како шеф на стручниот штаб. Основата на тимот е задржана од претходната сезона, засилена со квалитетни имиња како Александра Лакрабер, Камила Херем и Мајса Песоа. Дали во новата сезона Вардар ќе спроведе успешен систам и ќе стигне до посакуваната цел остануваме да видиме, се вели во извештајот на ЕХФ експертите.

Вака изгледа листата на ТОП-10 екипи со најголеми шанси да станат европски шампиони:

1. Ѓер
1. Ростов
3. Вардар
4. ЦСМ Букурешт
5. Будуќност
6. ФТЦ Будимпешта
7. Ларвик
8. Есбјерг
9. Митјиланд
10. Мец