Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Димитровски:Беше прекрасно чуството да се игра покрај толку звучни имиња – Ѓорѓески:Се надевам дека ќе добивам уште многу вакви шанси и повторно ќе застанам на голот на првиот тим на Вардар
Димитровски:Беше прекрасно чуството да се игра покрај толку звучни имиња – Ѓорѓески:Се надевам дека ќе добивам уште многу вакви шанси и повторно ќе застанам на голот на првиот тим на Вардар

Димитровски:Беше прекрасно чуството да се игра покрај толку звучни имиња – Ѓорѓески:Се надевам дека ќе добивам уште многу вакви шанси и повторно ќе застанам на голот на првиот тим на Вардар

b

Продолжи серијата на победи за екипата на РК Вардар. Црвено-црните се вратоја на настапите во СЕХА-лигата и запишаа нови бодови во ова натпреварување. Извиѓач беше екипата која со наведнати глави го заврши натпреварот со нашиот ракометен шампион. Со половина сили и без неколку стандардни првотимци, Вардар успеа да стигне до седмата последователна победа во СЕХА-лигата. Тренерот Гонзалес на овој меч им даде шанса за настап на неколку млади ракометари. Меѓу нив беа крилата Поповски и Димитровски, како и голманот Ѓорѓески. За нашиот сајт своите впечатоци од дебитанстскиот настап ги споделија Ѓорѓески и Димитровски.

-Натпреварот со Извиѓач беше шанса за нас помладите играчи да заиграме на едно големо натпреварување, како што е сеха-лигата. Задоволен сум од моето залагање на овој меч и тоа ми е мотив повеќе да работам и да се докажувам. Се надевам дека ќе добивам уште многу вакви шанси и повторно ќе застанам на голот на првиот тим на Вардар, изјави Даниел Ѓорѓески.

b2

Шанса за настап доби и младиот Иван Димитровски, кој настапува на позицијата лево крило. Тој успеа да постигне три голови во победата против Извиѓач.

-Беше прекрасно чуството да се игра покрај толку звучни имиња. Поради мојот прв настап во првиот тим на Вардар морам да кажам дека имав малку трема, но од голема помош ми беше поддршката од трибините како и од соиграчите кои дадоа голем придонес за мојата добра игра на овој натпревар. Секако дека секогаш може подобро и кон тоа ќе се стремам во наредниов период. Се надевам дека тренерот Гонзалес е задоволен од мојот прв настап, изјави Иван Димитровски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски