По мала пауза, овој викенд се враќаат возбудувањата во првата македонска фудбалска лига. Шампионот на Македонија, ”црвено – црниот” тим на Вардар овој викенд пред себе има жешко гостување на стадионот во скопската населба Чаир. Ова значи дека со ова коло и официјално започнува вториот таканаречен круг во ПМФЛ.
По вкупно одиграни девет првенствени рунди, нашиот тим се наоѓа на првата позиција на табелата со скор од шест победи, три нерешени и ниту еден пораз. Нашите момци по мини кризата минатото коло како гости во Кратово го победија тимот на Силекс со резултат 3:1. Тимот на шкупи пак, се наоѓа на седмата позиција на табелата со скор од две победи, три нерешени и исто толку порази. Како што е добро познато, овие два тима се сретнаа уште во првото коло од новата сезона. Нашиот тим на тој натпревар беше домаќин во Струмица, а натпреварот заврши без победник 1:1. Голот за Вардар на тој натпревар го постигна Новак уште во 4 минута, а израмни Адили во 20 минута.
На тимот на Вардар веќе денес се очекува да се приклучат играчите кои имаа настапи со своите репрезентации.