Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци досега имаат еден пораз и три победи против Извиѓач
Вардарци досега имаат еден пораз и три победи против Извиѓач

Вардарци досега имаат еден пораз и три победи против Извиѓач

Вечерва на програмата е ново коло од СЕХА регионалната лига. РК Вардар нема право на одмор, по победата во Словенија, момците на Гонзалес се подготвуваат за по лесна задача, наречена Извиѓач. Досега тимот на Извиѓач во СЕХА лигата се наоѓа на последното место со ниту една победа, односно пет порази едно по друго. Несомнено, јасно е дека оваа сезона во СЕХА лигата тимот на Извиѓач заедно со неколку тимови ќе се бори да го избегне тоа последнот место на табелата.

Вардар и денешниот противник се имаат сретнано на четири наврати досега. Два пати се сретнавме во СЕХА лигата, и очекувано ги победивме во 2013 години и во 2012. Додека пак, во 2011 година противник Извиѓач ни беше во ЕХФ купот. Како домаќин тимот на Извиѓач не победи со три голови разлика, додека пак на реваншот во Скопје, нашиот тим славеше само со два гола разлика, што значеше и елиминација. Но, ова се други времиња, очекуваме лесна победа на денешниот натпревар.