Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ и Мијушковиќ настапија за Ц.Гора во големата победа на гости во Данска 0-1
Којашевиќ и Мијушковиќ настапија за Ц.Гора во големата победа  на гости во Данска 0-1

Којашевиќ и Мијушковиќ настапија за Ц.Гора во големата победа на гости во Данска 0-1

Претходно во овој репрезентативен термин за одигрување мечеви црнагорците беа убедливи и со  5:0 го совладаа Казахстан, потоа имаа тешко гостување  во кое ја  победија Данска со 0:1. Овој меч се играше во   Копенхаген, со  оваа победа селекција дојде до  првото место на табелата во  групата. Двајцата вардарци кои се дел од оваа селекција забележаа настап на овој дуел.

fkvardar-vardarfans-kojasevic

Дамир Којашевиќ го стартуваше дуелот и играше до 63 минута кога беше заменет, при резултат 0:1 .  Вардаровиот  стопер Немања Мијушковиќ  исто така настапи на мечот кој се играше  на стадионот „Телиа Паркен“, тој ја чекаше и ја дочека својата шанса од клупата за резервни играчи. Откако вчера нашите млади фудбалери од селекцијата У-21, а претходно и македонските репрезентативци од А-селекцијата ги завршија мечевите сите тие заедно со  Мијушковиќ и Којашевиќ ќе се се вратат во екипата и да ги имаат последните подготовки пред повторниот старт на првата лига. Во недела гостуваме во Чаир кај ФК Слога, во дуел кој е во  рамките од 10 коло во Првата македонска фудбалска лига.