Кошаркарскиот клуб Вардар викендов во рамки на третата Македонска кошаркарска лига гостуваше кај тимот на Пробаскет во Пробиштип. Нашите момци ја однесоа победата на овој дуел со 49-55 . На полувреме се отиде со 11 позитива за КК Вардар од 22-33 во меч типичен за третата лига со многу технички грешки и не така допадлива кошарка . Вардаровата победа беше загрозена во последната четвртина во која влегоа со резултат 34-48 и во една неефикасна четвртина со постигнати само 7 поени успее сепак да победат . Најдобар поединец во редовите на ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ кошаркари од Скопје беше Шалев .
Свој удел во оваа победа имаа и навивачката група на Кошаркарскиот Вардаров колектив -КОМБАТ 87 кој гостуваа во Пробиштип . Вистинско уживање беше и за домашната публика атмосферата која ја создадоа и која е нетипична за мечевите во овој мал Македонски град ,нормално и вистински потик за нашите кошаркари кој и во оваа ниска трета лига на вакви крајно неатрактивни гостински мечеви имаа поддшка од навивачите . Видување за ова гостувањето има и самата навивачка група КОМБАТ 87 :
-Гостувањето во Пробиштип излезе многу подобро од што очекувавме во секој елемент, Пат, зезање, навивање, дешавки еден куп. Голем поздрав и до Багабонти. На ЖРК беше овојпат поскромно стигнавме во второтото полувреме и богами на крајот со наша поддршка и успеавме да победиме. Многу голема пофалба до оние вардарови навивачи од другите две трибини кои во последните минути со песна заедно со нас дадоа огромна поддршка до девојките. ИМАВМЕ ВЧЕРА 2 ОД 2. Штета за РК но веруваме во момците дека во реваншот ќе успеаат!
САМО ВАРДАР!!!