Најдобриот стрелец на ПМФЛ Балотели, нема да може да им помогне на своите соиграчи на неделното гостување во Чаир. Како што знаеме, Балотели се повреди на првенствениот натпревар во Кратово, каде излезе на полувреме. Иако имаше доза на страв, сепак, повредата на бразилецот не е сериозна и тој ќе може да игра веќе на следниот натпревар.
Тоа значи дека на неделниот натпревар на Чаир шанса да заигра од првата минута за прв пат оваа сезона ќе има колумбиецот Џон Обрегон. Обрегон одигра солидно на пријателскиот натпревар против Академија Пандев, а беше и стрелец на победничкиот гол. Останува да видиме како ќе се покаже Обрегон од првата минута, и дали ќе ја искористи укажаната шанса.