Навивачите на црвено-црниот ракометен машки тим Комити Запад излегоа со информација за престојниот меч во ЕХФ Лигата на шампионите за нивните членови. Тие за дуелот со Пик Сегед имаат одлична одлука околу билетите која ќе ја подигне дополнително бројката. Во нивната информација на официјалната станица тие велат:
РК ВАРДАР – Пик Сегед
Лига на шампиони.
Недела, 16.10.2016, 17:30ч.
карти: 50ден, со членска бесплатно !
Газиме во ракометна Европа !!
Да газиме и на трибина !!
КОМИТИ ЗАПАД !