Во наредниве три дена натпревари од националниот куп ќе одиграат неколку младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар.
Во недела од 11 часот својот реванш од осминафиналето на купот ќе го одигра Вардаровата генерација родени “2002“ година. По првиот натпревар одигран во Скопје избраниците на Петар Ѓорѓиевски имаат предност од 2:1, која ќе се обидат да ја зачуваат на гостувањето во Гостивар против истоимената екипа.
Својот прв меч од 1/8 на националниот куп ќе одигра и генерацијата родени “2003“ година. Противник во овој двомеч е екипата на Работнички. Првиот дуел ќе се одигра утре со почеток од 12 часот на теренот на алумина. Овие две екипи веќе одиграа меч во рамките на лигата, на кој Вардар славеше убедливо со резултат 1:6.
Активни со настап во ова натпреварување ќе бидат и Вардаровите пионери, кои за пртивник во осминафиналната рунда ја добија екипата на Шкендија. Првиот натпревар на програмата е во сабота во Тетово од 11:30 часот. Двете екипи играа во финалето на “Скопје куп“, кога поуспешни беа избраниците на Сашо Тодоровски.
Кадетите на Влатко Колев ќе се обидат да ја надокнат негативата од 2:1 на првиот осминафинален меч во купот против екипата на Шкупи. Тимот од Чаир славеше минимално на првиот дуел, иако црвено-црните први го отворија резултатот. Реваншот е закажан за сабота, од 11 часот на теренот во населбата Јане Сандански.
Младинците на Вардар би требало да имаат лесна задача на реваншот во Тетово, против екипата на Ренова. По првиот меч имаме добар резултат, кога славевме со резултат 4:0. Утре со почеток од 12 часот ќе биде одигран вториот натпревар. Екипата која ја предводи Љупчо Марковски во среда ја очекува реваншп натпревар од ЛШ, против тимот на Салцбург.