Осумте репрезентативци кои имаа обврски кон своите национални тимови, од вчера повторно се во црвено-црниот строј . Тие се подготвуваат со остатокот од тимот за мисијата “Слога“ која е на програмата овој викенд.
Имавме момци во различни селекции: во младата селекција на земјава која се плсираше на Е.П во Полска беа Дарко Велковски, Игор Алексовски, Бобан Николов, Петар Петковски. Во селекцијата на Црна Гора беа репрезентативци Дамир Којашевиќ и Немања Мијушковиќ претходно се приклучија и Стефан Спировски и Есмин Личина кои беа со А-селекцијата односно селенцијата У-19. Во првата лига имаше пауза поради квалификациски термини. Викендов продолжува шампионатот со одигрување на 10 коло. Дуелот на Слога и Вардар е закажан за во недела со почеток во 14 часот и 30 минути на стадионот во скопската населба Чаир.