Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците триумфално во Тетово, со победата над Ренова “заверена визата“ за следната фаза во Купот
Младинците триумфално во Тетово, со победата над Ренова “заверена визата“ за следната фаза во Купот

Младинците триумфално во Тетово, со победата над Ренова “заверена визата“ за следната фаза во Купот

Младинците на Вардар денес играа  реванш меч во Купот во Тетово, против екипата на ФК Ренова. Тие отидоа со одличен резултат од првиот меч , кога славевме со високи 4:0. Денеска рутинирано и зрело ја одработија “домашната задача“ во реваншот триумфирајќи со резулат 2-3 што донесе пласман во следната фаза од најмасовното натпреварување во земјава. Ние на овој дуел стартувавме со следниот состав: Трајчевски, Тодороски Т, Личина, Ричков, Исмаил,   Додевски, Беќири, Димитровски, Даци,  Стојчевски , Најдоски.

 Црвено-црните младинци тргнаа уште на почетокот по поволен резултат на овој дуел, сакајќи со гол да го отворат мечот. Тоа им успеа преку Стојчевски Филип кој погоди за 0-1 и отварање на резулатот. Нашите атаци не престанаа и по овој погодок тргнавме да го удвоиме водството. Успеавме и во ова преку Ердон Даци кој стрелаше за 0-2, тој по враќањето од повредата повторно е во гол форма и погодува два дуела едноподруго за младинскиот вардаров состав. Нашите противници успеаваат конечно да постигнат почесен погодок во нашата мрежа, одкако во двомечот примија претходно вкупно шест гола. Гипсарите намалуваат на 1-2 пред крајот на првиот дел со што ја враќаат неизвесноста во дуелот. Сепак до крајот на првиот период ние повторно го враќаме нашето водство од два погодоци, овојпат стрелец е Најдоски Александар кој погодува за 1-3, резултат со кој се иде на пауза.

Вториот дел веќе беше чиста формалност за избраниците на Љупчо Марковски-Калц , тие имаа 1-7 вкупен резулат по одиграни три полувремиња во овој Куп двомеч и влегоа крајно растеретено во последното полувреме од истиот. Од клупата добија прилика за настап резервните играчи во младинскиот тим. Ренова успеја единствено до крајот да намали на 2-3, резултат со кој се заврши овој реванш дуел. Екипата  на младинците во среда ја очекува реванш натпревар од ЛШ, дома против тимот на Салцбург.