Денес на теренот на алумина се одигра првиот осминафинален натпревар од купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и Работнички, кај генерација родени “2003“ година. Истиот му припадна на Вардар, кој славеше со резултат 1:2
Се играа две полувремиња по 40 минути. Избраницте на Томче Трајановски одиграа одличен меч и на крајот сосема заслужено победија и со предност ќе го дочекаат реваншот на домашен терен. По првото полувреме имавме предност од 0:1, со голот на Иван Пашариковски. Во вториот дел домашната екипа успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Сепак на осум минути пред крајот на мечот Вардар ја затресува противничката мрежа преку Дарио Јовановски за водство од 1:2. Овој резултат на крајот се покажа како конечен.
Оваа генерација продолжува со победите, покрај настапите во купот имаат и максимален број на освоени бодови во лигата.
ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Ѓорѓоски, Мешковски, Сељанац, Давидовскки, Стојановски, Андрески, Пашариковски, Мирков, Прелоговски.