Младинците на Вардар денес играа реванш меч во Купот во Тетово, против екипата на ФК Ренова. Тие отидоа со одличен резултат од првиот меч , кога славевме со високи 4:0. Денеска рутинирано и зрело ја одработија “домашната задача“ во реваншот триумфирајќи со резулат 2-3 што донесе пласман во следната фаза од најмасовното натпреварување во земјава. Ние на овој дуел стартувавме со следниот состав: Трајчевски, Тодороски Т, Личина, Ричков, Исмаил, Додевски, Беќири, Димитровски, Даци, Стојчевски , Најдоски.
Црвено-црните младинци тргнаа уште на почетокот по поволен резултат на овој дуел, сакајќи со гол да го отворат мечот. Тоа им успеа преку Стојчевски Филип кој погоди за 0-1 и отварање на резулатот. Нашите атаци не престанаа и по овој погодок тргнавме да го удвоиме водството. Успеавме и во ова преку Ердон Даци кој стрелаше за 0-2, тој по враќањето од повредата повторно е во гол форма и погодува два дуела едноподруго за младинскиот вардаров состав. Нашите противници успеаваат конечно да постигнат почесен погодок во нашата мрежа, одкако во двомечот примија претходно вкупно шест гола. Гипсарите намалуваат на 1-2 пред крајот на првиот дел со што ја враќаат неизвесноста во дуелот. Сепак до крајот на првиот период ние повторно го враќаме нашето водство од два погодоци, овојпат стрелец е Најдоски Александар кој погодува за 1-3, резултат со кој се иде на пауза.
Вториот дел веќе беше чиста формалност за избраниците на Љупчо Марковски-Калц , тие имаа 1-7 вкупен резулат по одиграни три полувремиња во овој Куп двомеч и влегоа крајно растеретено во последното полувреме од истиот. Од клупата добија прилика за настап резервните играчи во младинскиот тим. Ренова успеја единствено до крајот да намали на 2-3, резултат со кој се заврши овој реванш дуел. Екипата на младинците во среда ја очекува реванш натпревар од ЛШ, дома против тимот на Салцбург.