Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ за Вардар Фанс: Верувам во мојот тим, имаме квалитетни играчи на сите позиции и верувам дека дојде време Вардар да го покажеме вистинското лице
Радичевиќ за Вардар Фанс: Верувам во мојот тим, имаме квалитетни играчи на сите позиции и верувам дека дојде време Вардар да го покажеме вистинското лице

Радичевиќ за Вардар Фанс: Верувам во мојот тим, имаме квалитетни играчи на сите позиции и верувам дека дојде време Вардар да го покажеме вистинското лице

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански со почеток од 20:30 часот стартува новата сезона во лигата на шампиони за екипата на ЖРК Вардар. Противник за нашиот ракометен шампион ќе биде екипата на ФТЦ Будимпешта од Унгарија. Ова е четврта сезона за Вардарки во ЛШ и нова среќа да се стигне до европската титула. Претходниве три години црвено-црните го освојуваа бронзениот медал. Во пресрет на вечерашниот дуел против вицешампионот на Унгарија, десното крило на Вардар Јованка Радичевиќ за нашиот сајт ги сподели очекувањата за стартот на новата сезона и дуелот со противникот.

-Секоја година првиот натпревар во лигата на шампионите за нас е многу тежок, поради тоа што немаме силно првенство и ни недостасуваат квалитетни натпревари за да можеме да видиме во каква форма се наоѓа екипата. Сепак со нетрпение го чекаме стартот на новата сезона во најголемото ракометно натпреварување. Тешко беше да се тренерира секој ден, а знаете дека натпреварот е дури за месец или два. Денешниот противник е многу силен и сигурно е дека во подобар играчки ритам отколку ние, бидејќи доаѓаат од земја која има силна лига. Мора да дадеме се од себе на овој меч и да го испочитуваме договореното од соблекувалната, како не би дозволиле грешки кои можат да ја разиграат екипата на ФТЦ Будимпешта.

Летово клубот се засили со неколку квалитетни ракометарки, како Песоа, Лакрабер, Херем и Мавсар, кои вечерва треба да го имаат своето деби во црвено-црниот дрес на официјални натпревари. Сезоната во лигата на шампиони е долга, нашето крило вели дека на секој натпревар треба да се влегува максимално мотивирано.

-Верувам во мојот тим, имаме квалитетни играчи на сите позиции и верувам дека дојде време од првиот натпревар да го покажеме вистинското лице. Ќе одиме и оваа сезона чекор по чекор. За да ја освоите лигата на шампиони морате на секој натпревар да дадете 100% од себе и од самото загревање противникот да види во твоите очи дека ќе гинете за секоја топка на теренот, изјави Јованка Радичеиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски