Се загрева атмосферата во пресрет на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и ФТЦ Будимпешта. Двата тима се веќе на теренот каде се подготвуваат за првиот меч во лигата на шампионите. Денес нема да можеме да сметаме на Лекиќ и Кликовац, но тука се новите засилувања, Лакрабер, Херем, Мавсар и Песоа кои ќе го имаат дебито за Вардар во ЛШ.
Црвено-црните се подготвени за првиот предизвик и со огромна желба за победа тргнуваат во новиот европски поход.