Во сабота продолжуваат натпреварите од лигата на шампиони за екипата на РК Вардар. Црвено-црните ќе гостуваат во Хрватска на екипата на ППД Загреб, но на клупата ќе го нема веќе Веселин Вујовиќ. Популарниот Вујо и шампионот на Хрватска се договорија за прекин на соработката, така што на неделниот меч на спротивната страна од Раул Гонзалес нема да биде Вујовиќ. Црнагорскиот тренер нешто повеќе од две сезони беше на клупата на ППД Загреб со кој на два пати ја освои двојната домашна круна и стигна меѓу осумте најдобри во најголемото ракометно натпреварување. Исто така две сезони го освојуваше третото место во сеха-лигата.
Оваа сезона во лигата на шампиони, екипата на Загреб е сеуште без победа и со четири порази. Последниот можеби беша најизненадувачки, откако на домашен терен без поразени од екипата на Брест Мешков. Во наредниве денови се очекува клубот да најде алтернативно решение за тренерското место, кој ќе го замени Вујовиќ и ќе ја води екипата до крајот на сезоната.