Вардаровата генерација родени “2002“ година се пласираа во полуфиналето на националниот куп, откако на реваншот во Гостивар против истоимената екипа забележаа триумф од 2:4. На првиот меч одигран на академијата, црвено-црните исто така славеа со 2:1 и на тој начин излегоа како победник во двомечот со Гостивар. Хет-трик на реваншот постигна Леонид Игнатов, додека еден гол беше дело на Дамјан Трајановски. Одличен меч за нашите млади надежи, кои заслужено се пласираа во следната рунда од купот на Македонија. За нашиот сајт впечатоците од триумфот ги сподели токму голгетерот Игнатов, кој искажа задоволсво од прикажаната игра и резултат на својата екипа.
-Очекувавме дека ова ќе биде тежок натпревар за нас, така и се покажа на овој реванш кој се играше во Гостивар. Ние на овој меч влеговме монитивирани, без оглед на тоа дека имавме позитивен резултат од првиот дуел сакавме и тука да покажеме дека сме подобри од противникот. Игравме внимателно, најважно е што го испочитувавме договореното во соблекувалната и ги слушавме советите на нашиот тренер. Од играта на екипата сум задоволен, игравме колективно и максимално се залагавме во текот на целиот меч. До крајот на сезоната ќе се трудиме да победуваме на секој натпревар, без разлика каде играме и против кого и се надевам дека на крај ќе го освоиме првото место во лигата. Бидејќи веќе сме во полуфиналето на националниот куп, ќе дадеме се од себе да играме во големото финале и да го подигнеме трофејот, изјави Леонид Игнатов за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски