Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Новева: “Јуниор“ лигата ми помогна да се стекнам со нови знаења во ракометната игра
Андреа Новева: “Јуниор“ лигата ми помогна да се стекнам со нови знаења во ракометната игра

Андреа Новева: “Јуниор“ лигата ми помогна да се стекнам со нови знаења во ракометната игра

Викендов кој следува започнува втората сезона во ракометната “Јуниор“ лигата. Првата сезона имаше успешен крај, се функционираше на потребното ниво а овој голем проект на ракометниот клуб Вардар наиде на воодушевување кај сите ракометни школи кои беа дел од ова натпреварување. “Јуниор“ лигата има за цел да ги обедини сите школи од цела Македонија во една лига, во која ќе се натпреваруваат во различни возрасни генерации. РК Кастратовиќ и во новата сезона ќе учествува во лигата и ќе се обиде да открие нови талентирани деца. Андреа Новева е дел од оваа школа, која минатата сезона освои второ место во својата генерација.

-Мислам дека овој проект за “Јуниор“ лигата е добар, со ова секој може да се покаже во најдобро светло и да стекнува нови знаења во ракометот. Во првата сезона освоивме второ место со мојот тим Р.К. Кастратовиќ, генерација 2002/2003, ние како тим се боревме се до победа, но бевме среќни и со второто место. “Јуниор“ лигата ми помогна така што учев се повеќе од натпревар во натпревар и со тоа го усовршувавме нашето однесување на терен. Впечатливо беше тоа што можевме да играме со екипи од различни општини, да стекнуваме нови искуства и пријателства. Како што кажав многу сум задоволна од постигнатите резултати.

vardarfans-andrea-noveva

Новитет оваа сезона ќе  биде што покрај во Скопје, натпреварите ќе се играат и во други градови низ Македонија. Така учесниците во лигата ќе имаат можност за нови искуства и запознавање со ракометните сали од другите градови.

-Очекуваме исто така добри резултати затоа што сме поискусни од минатата сезона и можеме да ги воочиме нашите грешки. Сметам дека треба да имаме повеќе натпревари со други општини, преку кој и самите ќе бидеме свесни дека квалитетот и успесите што ги постигнавме во претходната сезона не се случајни, изјави Андреа Новева за нашиот сајт.

Звонко Ивановски