Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Дуото Димитровски-Влаќевски со место во топ-6 на 1коло, Димитар со скорот од 631 е лидер
КУГЛАЊЕ! Дуото Димитровски-Влаќевски со место во топ-6 на 1коло, Димитар со скорот од 631 е лидер

КУГЛАЊЕ! Дуото Димитровски-Влаќевски со место во топ-6 на 1коло, Димитар со скорот од 631 е лидер

Викендов се одигра  првото коло во Македонската кугларска лига-МКЛ. Големото дерби помеѓу нашиот црвено-црн кугларски колектив и тимот кој е 15 години по ред шампион на земјава КК Макпетрол беше дуел на ова коло.  Мечот се одигра во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар Скопје. “Пумпашите“ победија со 1-7 (8,5-15,5). Нашите момци соборија 3339 “дрва“ , а пак жолто-плавите имаа 75 повеќе односно 3414 “соборени дрва“.

 Кај нас повторно беа најдобри ударното дуо Димитровски-Влаќевски.  Тие обезбедија место во топ-6 листата на најдобри играчи во премиерното коло. Покрај нив има место за уште три играчи на Макпетрол и еден на ГТЦ Мусандра. “Бисерот“ на Вардар  Димитар Димитровски беше најдобар на целиот меч впишувајќи 631 “соборено дрва “ со овој скор повеќе од очекувано ја зазема лидерската позиција на топ-6 табелата.  Кугларскиот Моцарт -Влаќевски Бојан забележа скор од 580 “соборени дрва“ со што успеа да се пласира на четвртата позиција на топ-6 листата. Следното коло  е закажано за на 22/10/2016 во сабота ќе го одиграме со почеток во 10-00 часот. Во истото ќе “гостуваме“ на КК ГТЦ Мусандра.