Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски ќе настапи на изборната “Крос-кантри трка“ за Балканско првенство- 2016
АТЛЕТИКА! Завировски ќе настапи на изборната “Крос-кантри трка“ за Балканско првенство- 2016

АТЛЕТИКА! Завировски ќе настапи на изборната “Крос-кантри трка“ за Балканско првенство- 2016

Согласно промените на терминот за одржување на Балканското првенство во крос кантри, Атлетската федерација на Македонија на 22 Октомври 2016 година, Сабота. Ќе организира изборна трка на кеј на река Вардар- градски парк, мостот позади забавен парк во правец до Хотел*Александар Палас* за престојното Балканско првенство во крос кантри. Во повеќе дисциплини ќе се одржи ова натпреварување, а АК Вардар ќе има свој преставник на истото.

p2

Натпреварите ќе се одржат во следните дисциплини МАЖИ ЖЕНИ Младинци- 6000метри Младинки- 4000 метри Под 23 год- 8000 метри Под 23 год- 6000 метри Сениори- 10000 метри Сениорки- 8000 метри Право на настап имаат натпреварувачи-ки регистрирани во АФМ со задолжителен лекарски преглед. МЛАДИНЦИ: може да учествуваат натпреварувачи од 16 до 19 години; Под 23 год: може да учествуваат натпреварувачи од 20 до 22 години до 31 Декември; СЕНИОРИ: може да учествуваат натпреварувачи над 19 години. Напоменуваме дека натпреварот ќе има изборен критериум за престојното БП во крос-кантри кое ќе се одржи на 05 ноември 2016 година во Чуприја, Република Србија . Репрезентацијата за учество на Балканското првенство ќе се одреди од страна на Селекторот после одржување на изборната трка. Норми за БП во крос канри Сениори 10.000 м 35,00,00, Под 23 мажи 8.000м, 28,00,0, Mладинци 6.000 м, 21,00,00 Сениорки, 8.000 м 33,00,00, Под 23 жени, 6.000 м, 24,30,00 Mладинки 4.000м 16,30,00. Нашиот црвено-црн атлетичар Петре Завировски ќе настапи во категоријата под 23 години на 8.000 метри. После неколкуте последни трки на кој тој покажува завиден перформанс при настапите повеќе од очекувано е од овој млад вардарец да избори добар пласман на саботниот крос-кантри предизвик за него.