Вардарци стигнаа до нова победа во лигата на шампиони, совладувајќи ја екипата на Пик Сегед пред својата публика. Вицешампионот на Унгарија очекувано се покажа како многу силен противник и најголем дел од мечот беше неизвесен. Сепак кога беше најпотребно и се ближеше крајот на дуелот, црвено-црните најдоа сили да поведат со највисоки три голови разлика и да ја задржат до самиот крај. Конечниот резултат беше 30:27. Кај РК Вардар Дибиров беше најефикасен со 8 погодоци, додека 5 додаде Лука Циндриќ.
Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот Вардар – Пик Сегед - ТУКА!