Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Билетите за мечот во Л.Ш младинци Вардар-Салцбург по симболична цена од 50 денари

Билетите за мечот во Л.Ш младинци Вардар-Салцбург по симболична цена од 50 денари

Утре со почеток во 19-00 часот на нашиот најголем спортски објект Националната Арена „Филип втори“ во Скопје ќе се одигра дуел во рамките од младинската Лига на шампиони, патека на домашни шампиони.  Младинците на ФК  Вардар ќе бидат домаќини во  реванш натпреварот со австрискиот Ред Бул Салцбург.  Во Австрија првиот меч од овој двомеч  заврши со победа на домаќините Салцбург од 5:0.

Билетите за реваншот мечот кој е прв ваков во историјата на мак.фудбалот во елитната лига за младинци ќе бидат по симболична   цена од 50 денари. Истите  ќе се продаваат на денот на натпреварот од 16 часот на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ која се наоѓа на источната трибина (спроти Фудбалската Академија на ФК Вардар). Од клубот информираат за натпреварот  дека за овој меч ќе биде отворена само северната трибина на Арената „Филип Втори“ и дека ќе може да се влезе  на стадионот од влезот помеѓу северната и источната трибина. Вратите за гледачите ќе бидат отворени од 18 часот, односно еден час пред почетокот на натпреварот.