Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре првиот тим ќе игра на “Б.Трајковски“, а младинците на ”Арената Филип II”
Утре првиот тим ќе игра на “Б.Трајковски“, а младинците  на ”Арената Филип II”

Утре првиот тим ќе игра на “Б.Трајковски“, а младинците на ”Арената Филип II”

Интересно, утре Фудбалскиот клуб на Вардар ќе одигра два натпревари. Првиот тим ќе одигра Куп меч, а младинците реванш во Л.Ш.  Најпрвин, од 14 часот и 30 минути првиот тим на Вардар силите ќе ги одмери со кичевскиот второлигаш, тимот на Влазерими. Овој натпревар е во рамките на реванш дуелот од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Нашиот тим по првиот натпревар има два гола предност. Очекуваме овој меч да биде лесна задача, а воедно и  генерална проба пред неделното мега дерби во Тетово. Мечот ќе се одигра на стадионот во Маџари, бидејќи на младинците им ја отсапуваме “Арената Филип втори“.

Покрај првиот тим, утре натпревар ќе одигра и младинскиот тим на ФК Вардар. Шампионот на Македонија ќе го пречека младиот тим на Салцбург во рамките на младинската Лига на шампиони. Овој натпревар исто така ќе биде одигран на ”Националната Арена Филип II” со почеток во 19 часот. На првиот дуел во Австрија,   нашиот тим беше поразен со резултат 5:0. Се очекува овој меч да биде пред се уште едно големо искуство за нашите млади играчи, кои во иднина треба во континуитет да играат токму на овој стадион.