Пионерите на ракометниот клуб Вардар вчера во спортската сала “Иван Хаџи Николов“ ја победија екипата на Бутел. Ние однесовме победа со резултат 11:26, а на одмор се отиде со резулат 6-9. Пресудно за триумфот беше добрата игра во второто полувреме, кога му дозволивме на противникот да постигне само пет голови. Во продолжение ви носиме триесетина фотографии од мечот.
Фото: Анастасија Андрееска за Вардар фанс