Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на ВАРДАР СЦЈС триумфално низ Кичево, за перфектни 5/5 во лигата
Кадетките на ВАРДАР СЦЈС	 триумфално низ Кичево, за перфектни 5/5 во лигата
СЕЛФИ ПО ПОБЕДАТА ВО КИЧЕВО

Кадетките на ВАРДАР СЦЈС триумфално низ Кичево, за перфектни 5/5 во лигата

Вчера во рамки на кадетската женска ракометна лига избраничките на Анжела Платон и Александра Кузмановска, младите девојки на Вардар СЦЈС гостуваа кај екипата на ЖРК Кичево 10 од истоимениот град. Нашите девојки забележаа висок триумф на овој меч со резултат 17-31 (7-17).

Први со погодок дуелот во Кичево го отворивме ние, а во следниот напад домаќинките брзо возвратија. Тоа беше се што направија во првата половина од првото полувреме. Ние заигравме одлично нашата одбрана беше фантастична, Мицевска на голот беше перфектна и направиме серија 0-8 со која поведовме со високи 1-9.  Во продолжението играме мирно гол за гол со противникот , на сцена е константната наша предност од осум гола се до резулат 6-14. Во финишот додатно “додаваме гас“  прваме 1-3 серија и со највисоки дотогаш “плус десет“ 7-17 заминуваме на одмор. Вториот дел го започнуваме со два последователни погодоци поведуваме со 7-19, односно двананесет позитива. Таа предност е константна во текот на вториот дел се до финишот . Во истиот влегуваме со предност од дванесет погодоци 17-29. Покрај ваквата комотна разлика нашите девојки на крајот повторно притиснаа. Последните минути ги одиграа високомотивирано не примија ниеден, а пак дадоа два гола со што победија со 17-31. Оваа предност со која победивме  од четирнаесет гола беше највисоката наша предност вчера во Кичево. Ова беше петта победа во исто толку натпревари во есенскиот дел во кадетскат. лига за Вардар СЦЈС.

ВАРДАР СЦЈС: Бабунска, Ивановска-1, Дамовска-3 , Паланковска-1, Мицевска, Танчева, Атанасова, Неловска-5, Трпевска-4, Митровска-1, Стојчевска, Трајкова-1, Диневска-9, Сандева, Блажевска-3, Цветковска-3.