За неполни три часа започнува големото мега дерби на двата тима кој и оваа сезона се борат за титулата, тимовите на Вардар и Шкендија.
Ова ќе биде втор чин во новата сезона, на кој љубителите на фудбалот се надеваме дека ќе уживаат на добри потези и пред се фер – плеј.
Верните навивачи на Вардар со нетрпение го очекуваат овој мега натпревар, да видат дали Вардарци имаат капацитет да излезат од кризата и лошата игра. Ние веруваме во овие момци, нека се повтори второто коло, на кое ги надигравме тетовчани и славевме победа од 3:0.
Можен состав: Гачевски, Глишиќ, Брдаровски, Новак, Грнчаров, Спировски, Велковски, Фелипе, Николов, Којашевиќ и Балотели (Блажевски).