Изминатите денови се оддржа меѓународниот фудбалски турнир “Кул куп-2016“ во нашиот главен град. На истиот имаше голем број домашни и странски екипи кои се натпреваруваа со дечиња родени 2006 и 2007 година. Фудбалскиот клуб Вардар учестуваше со по една екипа во двете генерации.
Генерацијата 2007 предводена од Зоран Петковски беше “сребрена“ на ова издание на турнирот. Вардаровата генерација родени “2006“ година, избраниците на Филип Арсовски го освоја четвртото место на овој турнир. По крајот на турнирот се прогласија идеалните тимови, на позицијата голман кај постарата група 2006 беше прогласен за најдобар член на ФК Вардар. Станува збор за голманот на нашата генерација 2006 надежниот, одличниот и често наградуваниот Андреј Данстак. Тој сосема заслужено за своите интервенции, игри и удел за екипата, иако неговиот тим беше четвртопласиран ја доби наградата.