Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Петар Петковски: По примениот гол се стабилизиравме и заигравме подобро
Петар Петковски: По примениот гол се стабилизиравме и  заигравме подобро

Петар Петковски: По примениот гол се стабилизиравме и заигравме подобро

Денеска сите Вардарови генерации играа натпревари во рамките на полуфиналето од купот на Македонија. Меѓу нив беа и младинците кои забележаа победа во првиот меч, против екипата на Шкупи. Натпреварот заврши со резултат 2:1. Петар Петковски и Никола Ристески беа стрелци на головите за нашата екипа.

-Натпреварот со Шкупи беше многу тежок. Почетокот го почнавме многу слабо, кој гостите го искористија и поведоа. По примениот гол се стабилизиравме и почнавме подобро да играме. Постигнавме два брзи голови, едниот мое дело од слободен удар. Другиот погодок по еден центар шут, со глава погоди Ристески.

Во вториот дел се играше поцврсто и погрубо, со игра повеќе на средината на теренот.

-Гостите се бранеа и беа многу остри. Во второто полувреме немаше многу фудбалска игра. Имавме уште некоја шанса но не ги искористивме, и така заврши натпреварот. Сега ќе се подготвуваме за реваншот и се надеваме на позитивен резултат. Тоа ќе ни овозможи и пласман во големото финале, ни изјави Петар Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски