Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Тројца вардарци ќе учествуваат на Подгоричкиот маратон
АТЛЕТИКА! Тројца вардарци ќе учествуваат на  Подгоричкиот маратон

АТЛЕТИКА! Тројца вардарци ќе учествуваат на Подгоричкиот маратон

На 30 Октомври во недела,  со почеток во 9-00 часот традиционално по 23 пат во главниот град на Црна Гора ќе се одржи Подгоричкиот маратон. Неколку години наназад во соработка со Скопскиот маратон се организира бесплатен автобуски превоз и бесплатно сместување за 50тина натпреварувачи од Македонија. Вардар ќе настапи со три свои представници на овој меѓународен настан и тоа:

Влатко Јакимоски ќе го трча својот дебитански маратон. За прв пат ќе ја соборува оваа пеколна дисциплина која представува врв на олимпизмот и човештвото. Патеката во Подгорица е идеална и многу брза. Јакимоски имаше неколку сосема добри настапи во изминатиот период. Се очекува негово успешно деби!

Трпе Мартиновски самиот за себе е класа, синоним, легенда која трае во атлетиката. Досега има преку 110 маратони во својата долга и богата кариера. Македонски рекордер во оваа дисциплина со резултат 2:25:06. На сцои 51 година сеуште е активен. Се очекува маратонската делница да ја собори за 3 часа.

Петре Завировски ке го трча својот 16ти полумаратон во кариерата. Ова за него дефинитивно е полусезона од соништата. Тој веројатно е Македонецот со најдобра форма оваа есен. Веќе долго незнае за пораз. Во подгорица ќе го напаѓа својот најдобар резултат изнесува 1:17:29. Потоа на 05 Ноември го очекува настап за Македонија на Балканското првенство во полумаратон!