Викендов на програмата во суперлигашката машка конкуренција е новото, осмо суперлигашко коло. Во истото избраниците на Стојан Петрушевски се гости. Екипата на РК Вардар Јуниор гостува во градот Битола, домаќин ќе ни биде екипата која прва сезона игра во елитата РК Еурофарм Работник.
Мечот ќе се игра во четврток на 27-ти октомври во спортската сала “Младост“ во Битола со почеток во 15-00 часот. Подмладениот состав на РК Вардар јуниор досега во одиграните седум кола победи еднаш и еднаш одигра реми, со тие четири бода сме предпоследно пласирани во машката Супер лига. Битолчани се далеку поуспешни со 13 бода се трето пласирани зад Пелистер и Охрид и се сериозен кандидат да влезат во топ-4 екипи кој ќе разигруваат за титулата со Вардар и Металург напролет. Потоа следи две недели пауза во најквалитетната лига, следниот суперлигашки термин е на 12/11/2016 кога ќе бидеме домаќини на другиот битолски тим поранешниот шампион на земјава РК Пелистер.