Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шкендија “киксна„ со Слога, Вардар по комплетирање на 11 кола е на 5+

Шкендија “киксна„ со Слога, Вардар по комплетирање на 11 кола е на 5+

Коцките се редат за црвено-црните, во неделата бевме на “работ на безната“ кога гостувавме во Тетово кај фудбалскиот клуб Шкендија со нивна победа ќе го загубевме врвот и ќе заостанувавме. Сепак коцките за само три дена се наредија перфектно за Вардар.

Избраниците на  Гоце Седлоски победија со 0-2 и добија “три бода како планина“ на своето конто. Сепак бевме на пет бода пред ривалот за титулата Шкендија, но имавме меч повеќе и шанса за тетовчани да дојдат на само “минус два“. Предмалку заврши во Тетово дуелот Шкендија-Слога на кој домаќините “кикснаа“. Екипата од Чаир која ни одзема бодови со ремито на нас , успеа да и нанесе пораз на Шкендија со 0-1. Сега по комплетни 11 кола сме на “пет плус“ бодови во однос на тетовчани. Табелат изгледа вака :

1. ВАРДАР…….25 Бода
2.Шкендија……20Бода
3. Работнички….19 бода