Високиот играч од Летонија, Кристопанс потпиша три годишен договор со шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар. Кристопанс има 26 години, а висок е дури 213 cм. Кристопанс е десен бек, а моментално настапува за тимот на Мешков Брест. Со перформансите на овој играч сме добро запознаени, бидејќи истиот има многу натпревари зад себе во Скопје, и тоа во дресовите на Татран Прешов и Мешков Брест. Кристопанс во Вардар доаѓа од сезоната 2017/2018.
Кристопанс за официјалниот сајт на клубот истакна:
„Минав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар. Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Но, Вардар му понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, и Вардар е еден од најамбициозните клубови во светот во моментов, изјави Кристопанс.
„Секогаш е задоволство кога можеш да потврдиш дека сте успеале да донесете играч кој е веќе докажан, но се уште може да напредува и заедно да се радуваме на нови победи. Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.