Вчера во рамките на кадетската лига, натпревар одигра вториот кадетски тим на ракометниот клуб Вардар против екипата на Куманово. Овој меч го одигравме на гостински терен и го загубивме со резултат 26:20.
Мечот започна со гол на Куманово, но во наредните пет минути, Вардар успеа да направи серија од 1:5 и да стигне до водство од 2:5. Следи мал пад во нашата игра, кој му овозможува на домашниот тим да постигне четири последователни голови и да поведе со 6:5. Екипите постојано се менуваа во водство и резултатот на неколку пати беше израмнет. Сепак во последните пет минути од првиот дел, Куманово на два пати имаше водство од два гола разлика. На полувреме заминуваме со негатива од 12:11.
Побеникот беше решен на стартот на вториот дел кога Куманово успева да направи серија од 5:0 и да стигне до највисоки 17:12. Тука како да се реши натпреварот, а нашиот состав како да немаше сили да се врати во мечот. Сите дилеми околу тоа кој ќе ги освои бодовите беа познати кога противникот поведе и со највисоки 21:14. До крајот домаќинот умешно ја одржуваше предноста и рутинскли го приведе крајот на натпреварот. Ова беше втор пораз за нашите кадетки, кои имаат уште и три победи во својат група.
По пет голови во нашата екипа постигнаа Петковска и Седлоска.
Вардар: Трајковска, Гроздановска 1, Арсовска, Дамјановска, Крстевска, Георгиевска 3, Донева, Станчева, Петковска 5, Седлоска 5, Насковска, Гонзалес 1, Костовиќ 1, Галевска, Миноска 1, Софтовска 3.