Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци го имаат најдобриот напад, но и одбраната во ПМФЛ
Вардарци го имаат најдобриот напад, но и одбраната во ПМФЛ

Вардарци го имаат најдобриот напад, но и одбраната во ПМФЛ

Вардар и оваа сезона покажува дека ја има најдобрата одбрана во првата лига. Нашите дефанзивци на чело со фантастичниот Филип Гачевски до овој момент имаат примено само четири погодоци на вкупно единаесет натпревари. Мрежата на Вардарци оваа сезона успеаа да ја начнат само играчите на Брегалница, потоа Силекс, Шкупи и Пелистер. Другите екипи се далеку поназад кога е во прашање одбраната. Ренова има досега примено три повеќе, односно седум погодоци.

Кога пак е во прашање нападот, и тука нашите момци се недостижни и оваа сезона. Нашите напаѓачи досега имаат постигнато 21 погодок, што ги прави и најефикасни. По нашиот тим следат: Шкендија со 18 дадени (натпревар помалку), потоа Работнички 17, Пелистер 15 и тн.

Исто така вреди да се напомене дека на листата на стрелците најефикасни се три играчи, од три различни екипи. Балотели (Вардар) Недељковиќ (Силекс) и Кардозо (Пелистер) имаат по шест голови и се водечки стрелци во ПМФЛ.