Изминатиов викенд се одигра осмото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Победи забележаа пионерите и младинците, кадетите ремизираа, додека пом. пионери се поразени во дуелите со тимот на Металург.
Помладите пионери го претрпеа својот четврти пораз оваа сезона. Иако по првото полувреме имавме водство со голот на Ибрахим Ариф, во вториот дел голема пад во нашата игра, каде дозволивме да примиме три погодоци. По осум одиграни кола се наоѓаме на осмото место на табелата со 10 освоени бодови, или девет помалку од лидерот, екипата на Пелистер во оваа возрасна геенрација.
Пионерите сигурно “газат“ забележувајќи нова победа во лигата. Совладан неше Металург на теренот на Академијата со резултат 2:0. Милан Благојевиќ и Александар Ѓорѓиески донесоа нови три бода за оваа Вардарова екипа. Ова беше вкупно седми триумф за избраниците на Сашо Тодоровски кои имаат уште еден нерешен резултат. Го држиме врвот на табелата со 22 освоени бодови, пет повеќе од второпасираниот тим на Шкупи, кој и оваа сезона ќе биде наш најголем конкурент за трофејот.
Кадетите го забележаа првиот нерешен резултат. Дербито против екипата на Металург заврши со поделба на бодовите (1:1). Домашниот тим прв го отвори резултатот, додека пет минути подоцна, Александар Трајчевски го израмни резултатот на 1:1, што крај се покажа како конечен. Вардарци имаа засега 19 бодови и се наоѓа на второто место на табелата, додека врвот сигурно го држи Рабоитнички, кој е со максимални 24 освоени бодови.
Максимални 24 бодови по првите осум кола во младинската лига, има екипата на Вардар под водство на Љупчо Марковски. Втора е екипата на Шкендија со 22 бодови. Ниту Металург не успеа да застане на нашиот пат, кон нов осми последователен триумф., Уште по првиот дел имавме водство од 0:3. До крајот на мечот уште два погодоци во мрежата на противникот, за конечни 2:5. Ердон Даци постигна два гола, по еден беа дело на Есмин Личина, Јасир Беќири и Дарко Додевски.