Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девет вардарки на списоците за настап на ЕП во Шведска
Девет вардарки на списоците за  настап на ЕП во Шведска

Девет вардарки на списоците за настап на ЕП во Шведска

Црвено-црниот женски ракометен колектив е збир на најквалитетните девојки од стариот континент. Тоа го покажува и фактот што дури девет членови на ЖРК Вардар се дел од т.н провизорните списоци од 28 ракометарки на своите сениорски репрезентации што ќе конкурираат за место за настап на Европското првенство во Шведска.

Европското во Шведска  ќе се игра во период од  5 декември до 18 декември. Во  пет различни репрезентаци кои се пласирани на  женското ЕП-2016 на списоците има црвено-црни девојки. Во четири селекции има по две имиња, и во петтата има една наша ракометарка. Според правилата  селекторите во ноември ќе ги објават своите скартени списоци по што ќе се знае дефинитивно кој се ќе  патуваат на Европското. Во списокот на  Словенија се најдоа имињата на: Тамара Мавсар и Барбара Лазовиќ , Амандин Лејно и Александра Лакрабер двете се на списокот на селекторот на  Франција. Кај селекторот на црногорската селекција фигурираат: Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац, апак  Андреа Човиќ и Андреа Пенезиќ се на листата за селекцијата на  Хрватска. Новото засилување од оваа сезона на вардарки Камила Херем се најде на списокот на селецијата на  Норвешка.