Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар пропушти голема шанса за лидерско место во групата Б, прв голем пораз и за Киелце
Вардар пропушти голема шанса за лидерско место во групата Б, прв голем пораз и за Киелце

Вардар пропушти голема шанса за лидерско место во групата Б, прв голем пораз и за Киелце

Пред нас е веќе петтото коло во ракометната лига на шампиони. Се одиграа натпреварите во насјилната група Б, во која победи забележаа екипите не Загреб, Рајн Некар и Пик Сегед, додека Целје и Кристијанштад ги поделија бодовите.

Вардарци испуштија голема шанса да се завцрстата на првата позиција и да им “побегнат“ за момент на најголемите конкуренти за првите две позиции во оваа група. Избраниците на Раул Гонзалес иако имаа постојано водство од самиот почеток на мечот и контролка на резултатот, сепак во последните пет минути дозволија да ги испуштат бодовите. Имавме можност и за нерешен резултат, но Душебаев во контра напад ја погодои стативата од голот на Загреб. По првиот дел имавме солидно водство од 12:17 и се чинеше дека лесно ќе стигнеме до бодовите. Во вториот дел не успеавме да реализираме зицер удар преку Дибиров,, за највисоки шест голови разлика. Сето тоа како се ближеше крајот на мечот како да ни се врати, па на крајот шампионот на Хрватска се радуваше на триумфот (28:27). Стевановиќ беше вистински јунак на Загреб и најзаслужниот за резултатскиот пресврт. Марковиќ беше најефикасен кај Загреб со 6 голови, додека кај Вардар Душебаев постигна 5.

Мало изненадување во ова коло направи екипата на Рајн-Некар. Не можеби заради победата, туку според тоа со колкава разлика беше изразен нивниот триумф на гостувањето кај актуелниот европски шампион, екипата на Киелце. Бундеслигашот “речиси“ се прошета на теренот каде е најтешко да се освојат бодови и триумфираше со резултат 26:34. Избраниците на Николја Јакобсен имаа во еден момент и двоцифрена предност. Првото полувреме не покажуваше дека така ќе заврши натпреварот, кога на одмор Рајн-некар замина само со еден гол разлика (16:15). Сепак невиден голем пад во играта на Киелце во вториот дел им го донесе првиот пораз во новата сезона. Шпанецот Баена беше најдобар стрелец кај Германците со 7 голови, додека кај поразениот тим највеќе се истакна Биелецки со 8 погодоци.

Блаж Јанц донесе гол бод за Целје Пивоварна Лашко на гостувањето во Шведска, против екипата на Кристијанштад. Речиси во последните секунди словенсклиот репрезентативец погоди за израмнување на 29:29, што беше и конечен резултат на крајот од натпреварот. Кристијанштад има за што да жали бидејки во најголем дел од натпреварот имаше водство. На полувреме исто така имаа водство од 14:11. Полсе три последователни порази, тимот на Целје освои бод на ова тешко гостување. Ова беше директен дуел на екипи, кои ќе претендираат за едно од местата кое води во следната фаза на ЛШ. Вообичаено крилото Толбринг беше најдобар кај домашниот тим со 8 погодоци, додека во редовите на Целје, Јанц постигна 9 голови.

Интересен натпреавр се играше и во Унгарија, каде Пик Сегед минимално победи во дуелот со Брест Мешков. Конечниот резултат гласеше 24:22. Може да се каже заслужен триумф за Сегед, кој можеби за нијанса беше подобриот тим на теренот. Брест Мешков цело време “бркаше“ негатива и на крајот мораше да се помири со пораз. На полувреме резултатот беше 11:10. Балог повторно најефикасен кај Пик Сегед со 9 голови, додека во поразениот табот, русинот Атман постигна 4 голови.

 Вака изгледа табелата после пет одиграни кола во групата Б:

1. Киелце   8

2. Вардар  8

3. Рајн-Некар  7

4. Пик Сегед  5

5. Брест Мешков  4

6. Кристијанштад  3

7. Целје П.Л.  3

8. Загреб  2

Двојки за следнотоо шестто коло:

Вардар -Киелце

Рајн-Некар – ППД Загреб

Мешков – Кристијанштад

Целје- Пик Сегед