Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Далибор Костовски: Петте погодоци во противничката мрежа говорат за нашата доминација на овој натпревар
Далибор Костовски: Петте погодоци во противничката мрежа говорат за нашата доминација на овој натпревар

Далибор Костовски: Петте погодоци во противничката мрежа говорат за нашата доминација на овој натпревар

Изминатиов викенд се одигра дербито помеѓу фудбалските екипи на Вардар и Шкупи, кај генерација родени “2002“ година. Тимот од Чаир овој дуел го дочека како лидер на табелата, но нашите млади надежи покажаа карактер на голема екипа, која е желна за победи и успеси. Уште по првото полувреме беа решени многу работи околу победникот, кога на одмор заминавме со водство од 3:0. Во вториот дел уште повеќе го откажавме противникот, постигнувајќи два нови голови во мрежата на Шкупи. Своите впечатоци од натпреварот за нашиот сајт ги сподели капитенот на Вардар, Далибор Костовски.

14329928_600740173461188_4916926674163442765_n

- Со оглед дека Шкупи беше лидер на табелета, мораме да бидеме задоволни од прикажаната игра и конечниот резултат. Максимално се подготвувавме за овој дерби дуел. Ги надигравме во текот на целиот натпревар, а резултатот си дојде сам по себе. Петте погодоци во противничката мрежа говорат за нашата доминација на овој натпревар. Рано е да збориме за очекувањата за оваа натпреварувачка сезона, но ние ќе се бориме до последниот меч да завршиме како лидери на табелата, изјави Далибор Костовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски