Овој викенд на програмата е третото коло од лигата на шампионките. Нашите девојки овој викенд гостуваат во Русија на тимот на Астраханочка. Очекуваме да продолжи победничката серија од петокот. За овој натпревар ЕХФ делегираше судиска двојка од Литванија да ја дели правдата. Станува збор за Викторија Кијаускаите и Аусра Жалиене.
Се надеваме на фер и корекно судење. Натпревар се игра в сабота со почеток во 17 часот.