Ни пристигна убава вест за нашиот црвено-црн борачки колектив. Нашиот Борачкиот клуб Вардар ќе биде македонски преставник и ќе учествува на Светското екипно првенство во борење. Истото ќе се одржи во Храков – Република Украина.
Според претходно зацртаниот план Светското екипно првенство во борење ќе се одвива од 28 ноември се до 2 декември во Украина. Вардарци ќе имаат одлична прилика да го презенираат сработеното во клубските рамки. Тие ќе се обидат и се надеваме дека ќе бидат достојни преставници на македонското клубско борење на овој планетарен собир во Храков. Им посакуваме среќа на црвено-црните борачи на овој борачки светски собир.