После убедливите победи против екипата на Шкупи, Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година утре ќе го одиграат шестото коло во регионалната Скопска лига. Тие ќе гостуваат во Куманово, на екипата на Милано.
Вардарци родени “2002“ година пред овој натпревар имаат учинок од четири победи и само еден пораз и тоа оној со службен резултат кој ФФМ се одлучи да го им го додели на екипата на Работнички, откако тренерот Петар Ѓорѓивски ги повлече своите избраниците заради судиски неправди. Утрешниот противник се наоѓа на седмото место со две победи, еден нерешен резултат и два порази. Мечот во Куманово ќе започне од 12 часот.
Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година во својата конкуренција се наоѓаат на првото место, со максимални 15 освоени бодови по првите пет одиграни кола. Имаме импресивна гол разлика од 40 постигнати и само 2 примени голови. Натпреварот кој утре ќе се одигра од 10 часот е дерби на колото, со оглед дека противникот има 13 освоени бодови и се наоѓа на третото место на табелата.