Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на претпоследното есенско коло за младинските екипи на ФК Вардар
Преглед на претпоследното есенско коло за младинските екипи на ФК Вардар

Преглед на претпоследното есенско коло за младинските екипи на ФК Вардар

Викендов кој е зад нас се одиграа натпреварите од десеттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите екипи за противник го имаа Шкупи, против кој забележаа две победи и два порази.

Помладите пионери покажаа дека не заборавиле да играат фудбал и остварија триумф на дербито со Шкупи. Овој натпревар се одигра на теренот во населбата Јане Сандански и заврши со триумф на црвено-црните од 3:2. Вардар во два наврати имаше предност од два гола и беше тимот кој го диктираше темпото на игра. Марио Илиевски постигна два гола, додека еден беше дело на Ибрахим Ариф. Ова беше четврти триумф за избраниците на Сашо Јанев, со кој стигнаа до 14 освоени бодови. Прва на табелата е екипата на Металург со 20 бодови.

Втор последователен пораз за пионерите на ФК Вардар во првенството. Нашиот состав го загуби дербито со екипата на Шкупи на домашен терен, кој е нивни најголем конкурент за титулата. Пред две кола, Вардарци имаа комотна предност од пет бода на табелата пред тимот од Чаир, но поразите од Шкендија и Шкупи не чинеа губење на лидерското место. Шкупи триумфираше на наш терен со резултат 1:3, по што го потисна Вардар на второто место на табелата. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните, беше репрезентативецот Саит Битиќи. Се надеваме дека во последното есенско коло ќе збележиме победа, по што екипата ќе има време да се врати во потребната форма.

Многу важни бодови во ова коло освоија нашите кадети на гостувањето пртив Шкупи. Повторно со резултатски пресврт нашите надежи се радуваа на победата. Домашниот тим прв го отвори резултатот на овој меч, но до крајот со два удари од белата точка, црвено-црните се радуваа на победата. Успешни реализатори беа Александар Трајчевски и Никола Серафимов. Ова е осма победа за Вардаровите кадети во лигата и со 25 бодови се израмнуваат на врвот на табелата со екипата на Работнички, но противникот има еден натпревар помалку за играње. Радува добрата форма на составот предводен од Влатко Колев кој ја продолжува борбата за есенската титула.

Младинците неочекувано го загубија натпреварот со нивните врсници од Шкупи, што беше нивни прв оваа сезона. Само еден гол го реши овој дуел и тоа со удар од белата точка. И покрај поразот, Вардар останува на првото место на табелата со пет бода и натпревар повеќе од екипата на Шкендија.

Екипата на Ренова е противник во последното есенско коло, кое на програмата е претстојниов викенд.