Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2003 обезбеди место во 1/2-фин. од Купот, откако избраниците на Томче Трајановски го победија вторпат Работнички (ФОТО)
ФК Вардар генер.2003 обезбеди место во 1/2-фин. од Купот, откако избраниците на Томче Трајановски го победија вторпат Работнички (ФОТО)

ФК Вардар генер.2003 обезбеди место во 1/2-фин. од Купот, откако избраниците на Томче Трајановски го победија вторпат Работнички (ФОТО)

Вардаровата генерација родени “2003“ година се пласираше во полуфиналето од националниот Куп, откако на реванш натпреварот одигран на Академијата на ФК Вардар повторно бевме подобри од екипата на Работнички со резултат 2-0 (0-0). Тренерот на ФК Вардар генерација 2003 Томче Трајановски се одлучи да стартува со следниве играчи: Стојковски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Мешковски, Марковски, Давидовски, Стојановски, Пашариковски, Мирков, Прелоговски, Андрески.

2003a

 Во мечот влеговме со предност од еден гол од првиот 1/4-финален меч во Купот. Кога се сретнаа Вардар и Работнички во оваа генерација родени “2003“ година, дуелот му припадна на Вардар, кој славеше со резултат 1:2. Првите пет минути поминаа резервирано на двете страни, се испитуваа почетните сили. Вардар имаше голема шанса да го отвори резултатот, откако Филип Ѓорѓоски биеше со глава во стативата од голот на Работнички, одбиената топка стигна до Давидовски кој бие но поуспешен беше противничкиот голман. Удар прв кон нашиот гол имаше и екипата на Работнички, но нашиот голман Стојковски со крајни напори го брани ударот. Вардар имаше посед на топка и се обидуваше да го отвори резултатот. Антонио Мирков се обиде од слободен удар, но топката завршува далеку од голот на Работнички. Во прилика се најде и Влатко Стојановски, се играше акција од левата страна доадена топка до Стојановски, овој од прва се одлучи да бие само покрај противничкиот гол. Лео Андрески упати силен удар, но голманот на Работнички го скротува овој удар. До крајот на првиот дел, без некоја прилика за гол, па на одмор се замина со почетните 0:0.

2003b 2003c

Во второто полувреме четири измени во нашите редови. Од игра излегоа повредениот Прелоговски, потоа Марковски, Пашариковски и Стојановски. На нивно место влегоа Јовановски, Сељанац,Петрушевски и Јаневски. Голема шанса за Филип Ѓорѓоски кој повторно бие со глава, овој пат во пречката од противничкиот гол, резултатот остана оној почетниот. По голема офанзива серија шанси во првиот и вториот дел конечно поентираме, со гол за 1:0 поведуваме преку Антонио Мирков. По голот веќе имаме комотни 3-1 од двомечот почнавме да играме долги акции и да ја држиме топката во нашите нозе. Тоа даваше шанса да креираме нови прилики. Една таква ја искористи  Алек Сељанац, кој го удвои водството погодувајќи за 2-0. Тој доби топка од левата страна во срцето на казнениот простор остана сам со голманот на гостинот и рутинирано погоди.  Веќе  по овој гол беше повеќе од јасно беше дека црвено-црните избраници на Трајановски се полуфиналисти. До крајот остана малку време кое не донесе ништо посебно за одбележување. Треба да се напомене неспорската и груба игра на “Романтичарите“ кои добија поради тоа и црвен картон, редица жолти, но повредија притоа и два-тројца наши играчи.

2003d 2003y