Ударите од белата точка го дадоа патникот во полуфиналето од фудбалскиот куп на Македонија, во конкуренција на пионери. Реванш натпреварот од четвртфиналето, натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија кој се одигра на Академијата заврши со идентичен резултат од 1:1, како и на оној прв одигран меч во Тетово. Вардар беше далеку подобар противник во регуларниот дел, имаше и водство од 1:о по првото полувреме со голот на капитенот Јакуп Бериша. Во вториот дел од една и единствена акција, противникот успеа да ја погоди наѓата мрежа и да донесе израмнување на 1:1, што на крај се покажа и како конечен резултат. Нашиот состав имаше неколку добри шанси предвреме да го реши победникот, но судбината сакаше патникот во следната рунда да се реши после изведување на пенали. Во нив подобра беше екипата на Вардар која победи со резултат 4:2. Во овој пенал рулет, се истакна голманот Велковски кој скроти два удари на противникот, а Бериша беше човекот кој ја запечати судбината на Тетовци и ја испрати Шкендија дома со наведнати глави. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој натпревар и пласманот во полуфиналето од купот.
-Бевме свесни дека мораме да го добиеме овој натпревар, беше секако тешко но со максимална мотивираност успеавме во нашата цел да поминеме во полуфиналето од купот. Поразите на последните два првенствени натпревари малку не раздрмаа на психички план, затоа беше многу важно да триумфираме на овој меч и да се вратиме на победите. Вардар е тим кој секогаш атакува на двојната круна, се надевам дека и оваа сезона заедно со стручниот штаб кој ни дава голема самодоверба ќе дадеме се од себе да го повториме успехот од минатата сезона, изјави Јакуп Бериша за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски