Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС го положи испитот пред настапите во Челинџ купот, совладана беше екипата на Куманово
Вардар СЦЈС го положи испитот пред настапите во Челинџ купот, совладана беше екипата на Куманово

Вардар СЦЈС го положи испитот пред настапите во Челинџ купот, совладана беше екипата на Куманово

Во две различни полувремиња, младиот состав на ЖРК Вардар СЦЈС стигна до нова победа во најсилната супер лига. Во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, избраничките на Симе Симовски беа подобри од екипата Куманово со резултат 23:30.

Цело прво полувреме гостинот од Куманово беше во постојано водство и го контролираше резултатот. На моменти нивната предност достигна и највисоки четири голови разлика. Вардарки се обидуваа да ја пронајдат својата игра, но некако тешко им успеваше во првиот дел од мечот. Куманово беше достоен противник на теренот и пружаше силен отпор. На полувреме се замина со нивно водство од 10:13.

Сепак црвено-црните во вториот дел ја оправдаа фаворитската улога и веднаш на стартот на вторите 30 минути постигнуваат пет последователни голови за преземање на водството. Продолжуваме со добра игра и во текот на наредниот период кој ни носи највисоки пет голови разлика. Ова водство ни овозоможи раскомотени да влеземе во финишот и да рутински да ги одиграме последните пет минути од мечот.

Симона Стојановска беше најефикасна со 5 постигнати голови, додека Сара Митова и Теодора Керамитчиева додадоа по 4. Ова беше последна подготовка за Вардар, во пресрет на натпреварот од Челинџ купот во недела против екипата на Свиленград.

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (одбрани 5 топки), Петковска (одбрани 14 топки), Прленда 3, Стојановска 5, Трпковска 2, Георгиевска, Николовска, Митова 4, Бојаџиска 2, Тодоровска 1, Нолевска 2, Станиќеска, Керамитчиева 4, Мишевска, Божиновска, Велкова.
Тренер: Симе Симовски