Денес не очекува нов ракометен спектакл во лигата на шампионите. Во спортскиот центар Јане Сандански гостува европскиот шампион, екипата на Киелце. Натпреварот е прогласен за најинтересен во шесттото коло од најголемото ракометно натпреварување. Победа на една од двете екипи ќе значи и прво место на табелата, што значително ќе ги зголеми шансите на крајот од групната фаза да заврши на првите две позиции, што носат поволности во продолжение од натпреварувањето. Во претходното коло двете екипи го доживеаа првиот пораз во најсилната група Б, па победата е императив за враќање на победничките патеки.
Интересно е што и минатата сезона бевме дел од групата, во која одигравме два натпревари. Киелце посебно ќе го памети мечот во Јане Сандански, кога беа поразени со двоцифрена разлика, 34:24 гласеше резултатот во корист на Вардарци кои можеби го одиграа најдобриот натпревар во последните сезони од лигата на шампиони. На тој дуел доминираше рускиот тандем, Дибиров, Горбок и Шишкарев кои постигнаа 20 голови, а овој вториот веќе не е дел од Вардар. Самиот тренер на противникот Талант Душебаев по завршување на мечот потенцираше дека нормално е да загубиш од Вардар, но дека не со толку голема разлика. Сигурно дека ја научиле лекцијата од тој натпревар и ќе имаат друг пристап на денешниот натпревар. Тренерот Гонзалес нема проблеми со повредени играчи, што значи дека сите ќе се стават на располагање за овој дуел. На спротивната страна ќе ги нема Пјотр Храпковски и Михал Јуирецки. Двете екипи со силни амбиции влегуваат во пресрет на овој натпревар. Вардар ќе ја има подршката од својата публика и верните Комити кои најавуваат присуство во голем број на овој натпревар. Тука е и големата шанса на црвено-црните да го повторат изданието од минатата сезона кога му нанесоа голем пораз на полскиот шампион.
Салата е веќе речиси распродадена и се очекува вистински пекол за Киелце. Се надеваме на добра игра од страна на нашиот шампион и секако победа со која би дошле до лидерското место на табелата во својата група.